МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА ВОДАТА

МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА ВОДАТА

2768
0
АКЦИЈА

Водата е најважниот ресурс во светот. Проверете некои неверојатни факти за неа, кои можеби не ги знаете.


Приближно 70% од телото на возрасен човек се состои од вода.

Пиењето премногу вода премногу брзо, може да доведе до водна интоксикација. Водна интоксикација се случува кога водата го разредува натриумот во крвта и предизвикува дисбаланс во организмот, едем на мозокот, едем на белите дробови и други.

Водата е втората најголема честа молекула во универзумот.

Дневната препорачана доза на вода е осум чаши на ден, но треба да се има предвид дека речиси секоја храна или пијалок ни обезбедува дополнително вода за организмот.

97% од водата на Земјата е солена, 2,1% е во поларните ледени капи и помалку од 1% е на располагање како свежа вода.

Водата се проширува кога замрзнува, за разлика од речиси секоја друга течност.

Каде и да “патува” , водата носи хемикалии, минерали и хранливи материи со себе.

Околу 75% од површината на Земјата е покриена со вода.

Многу повеќе свежа вода се чува под земја во слоеви, отколку на површината.

Водата раствора повеќе супстанции, отколку било која друга течност.

 

При раѓањето , водата сочинува околу 80% од телесната тежина на новородените.

За  килограм памук, доволен за една кошула и фармерки се потребни 10.000 литри вода, за да биде одгледан и произведен.

Најголемиот познат облак од водена пареа е откирен од научниците на НАСА околу црната дупка, која е на 12 милијарди светлосни години од Земјата.

Од целата вода на земјата, луѓето можат да користат само околу три десетини од процентот на оваа вода. За година човек пие околу 1 метар кубен (1.000 литри) вода.

Тежината што човек ја губи непосредно по интензивна физичка активност е маса од вода, а не мастите.

Постојат околу 1,5 милијарди кубни километри вода на Земјата или 800000000000000 олимписки базени.