Превенција, минимизирање, повторна употреба и рециклирање

Превенција, минимизирање, повторна употреба и рециклирање

5370
0
АКЦИЈА

Количествата отпад што секојдневно се зголемуваат, притисокот што го врши тој врз животната средина, како и неповратната загуба на вредни ресурси и енергија при процесите на негово депонирање или горење, изведени соодветно или не, ја наметнуваат потребата од воведување одржливи начини на управување со него.


Одржливите начини на управување со отпадот (минимизирање на создавање на отпад, реупотреба на производите и рециклирање) придонесуваат кон намалено создавање отпад, намалено трошење на природните ресурси (материјални и енергетски), како и кон обезбедување кружење на материјата и енергијата во природата. Наспроти ова, со неодржливите начини на управување со отпадот (депонирање и инсинерација), материјалите содржани во него, како и енергијата употребена за негово создавање, неповратно се губат, а дополнително се создаваат токсични материи кои ја оптоваруваат животната средина.
ЈПКД “Комуналец“ Струмица на полето на отпадот ќе продолжи да ја промовира превенцијата, минимизирањето, повторната употреба и рециклирањето како мерки за намалување на отпадот.