Комуналните инспектори на терен

Комуналните инспектори на терен

2396
0
АКЦИЈА

Oвластениот комунален инспектор и овластениот инспектор за животна средина од општина Струмица, денеска во 9 часот, во континуираната акција за откривање на лица и субјекти кои вршат загадување на амбиенталниот воздух во општина Струмица затекнаа двајца согорувачи на отпадни кабли покрај патот на излезот од Струмица кон Костурино. Против истите ќе бидат изречени четири прекршочни мерки согласно законот за јавна чистота и законот за управување со отпад. Апелираме и ги охрабруваме граѓаните кои ќе забележат било какви активности кои го загадуваат амбиенталниот воздух да пријават загадувачи во инспекциските служби на општината Струмица.


Фотографија на Општина Струмица.Фотографија на Општина Струмица.

Линк до Општина Струмица / Facebook