КРУГОТ НА РЕЦИКЛИРАЊЕТО

КРУГОТ НА РЕЦИКЛИРАЊЕТО

2928
0
АКЦИЈА

Рециклирањето е лекција од природата која треба да се научи и применува. Сè си има своја функција и сè се движи во кругот на различна примена. Има една чудна негативна страна во денешниот животен стил на луѓето – креирањето на отпад од работи кои повеќе не ни требаат и немаат корист во нашиот живот. Ние сме единствените животни суштества кои креираат отпад, во природата ништо не претставува отпад, секој материјал има своја функција. Но има и друга чудна позитивна страна во денешниот животен стил на луѓето – селектирањето на материјалите кои повеќе не ни требаат, за нивно претварање во суровини за нови производи. Рециклирање, промена на некорисните материјали во нови производи. Како се прави? За рециклирањето да постои, најпрвин некорисните материјали треба да бидат одделени едни од други т.е. не треба да се фрлаат како отпад кој понатаму останува во природата и ја загадува средината во која живеат луѓето и останатиот жив свет. Следните чекори во рециклирањето се собирање на одделените материјали и носење до местата за обработка, каде тие се прочистуваат, и во зависност од материјалот, следат различни процеси на преработка до добивање на финални суровини, спремни за употреба во создавање на нови производи.