Во уредувањето на населените места се вклучува и месното население

Во уредувањето на населените места се вклучува и месното население

2100
0
АКЦИЈА

Продолжува комплетното уредување на населените места кое што го вршат општина Струмица, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“. Денеска се чистеа канали во населеното место Добрејци, а во Градско Балдовции покрај чистењето на каналите се поставуваат нови сијалични места со што ќе се подобри уличното осветлување. Оваа заедничка акција предизвика позитивни реакции кај месното население кое започна да се вклучува во активностите кои ќе ги подобрат условите за живот во населените места.