Шпанија со децении го надградува системот за селекција на отпад

Шпанија со децении го надградува системот за селекција на отпад

3417
0
АКЦИЈА

Луѓето во Шпанија сакаат да селектираат и да рециклираат отпад, навиките се веќе создадени бидејќи системот постои и постојано се унапредува веќе неколку децении, вели Хуан Кањељас, ракометар на нашиот шампион Вардар и на шпанската репрезентација.


Кањељас живеел во Барселона, каде што системот на селекција на отпадот го уредува каталонската власт, а не централната власт на Шпанија. Сепак, тој вели дека третманот на отпадот е сличен насекаде во земјата. Во резиденцијалните делови од шпанските градови има локации на кои се поставени по три или четири контејнери за селекција на различни видови отпад. pravilno_sortiranjeЖолтите контејнери се за пластика, сините за хартија, зелените за стакло, а четвртиот контејнер е за органски отпад. Овие локации се позиционирани многу блиску  до домовите, за речиси никој да нема повеќе од пет минути одење. Тоа е и потребно и практично, објаснува Кањељас, бидејќи секој треба да ги донесе вреќите со селектиран отпад од дома, а сакаме тоа да го прави што почесто и да не му претставува мака ниту губење време.

За фрлање кабаст отпад во Шпанија се плаќа такса

Покрај тоа, секој град во Шпанија има и голем центар за кабаст отпад, каде што може да се остави стар мебел, електрични апарати, батерии, масло за готвење и сѐ што не ни треба, а може да се рециклира. За тоа се плаќа такса, но тоа е многу мала сума, во споредба со казната што може да се добие ако отпадот се остави на улица.

Ова лето бил воведен и нов систем во еден од градовите во близина на Барселона, сличен на скандинавската практика. Секое семејство дома селектира органски отпад, а кантата еднаш неделно ја празнат јавните комунални претпријатија. Ова е сосема нов начин на собирање на отпадот во Каталонија, но е дел од постојните напори нешто да се подобри или унапреди. Во Германија, пак, каде што ракометарот живеел неколку години, има систем во кој за секое вратено пластично шише во супермаркет се добиваат пари. Таква практика имало и во Шпанија пред неколку децении, но сега веќе не се применува.

„Системот во Шпанија постои веќе неколку децении и луѓето имаат создадени навики за селектирање отпад. Мислам дека и свеста е на високо ниво и сите размислуваме каков свет сакаме да им оставиме на нашите деца. Не можам ни да го замислам мојот град полн со отпад, за мене нема таква опција“, вели Кањељас.shtipski-isar-otvori-pogon-za-selekcija-i-skladiranje-otpad-1

Децата во градинките знаат да селектираат отпад

На улиците во градовите има големи контејнери, но само на пофреквентните места има канти во различни бои за селекција на пластика, стакло или хартија. Кањељас нагласува дека во Шпанија акцентот на селекцијата е повеќе ставен на домаќинствата, што, според него, можеби треба да се смени, да се унапреди системот и да има повеќе контејнери и на улиците.

Во градинките и во училиштата најмалку еднаш неделно децата разговараат или слушаат предавање на теми од екологијата, рециклирањето, отпадот, загадувањето. Секое дете уште во градинка мора да научи за каков отпад се наменети контејнерите во различни бои. Има и денови на екологијата во кои децата се запознаваат со природата или на училиште одат со велосипеди или пеш.kids carrying recycling bin

„Системот на селекција на отпадот постојано се подобрува и се проширува. Кога јас бев дете моето семејство не селектираше органски отпад, а сега тоа е вообичаено и нормално за секое семејство“, вели Кањељас.

Линк до оригиналниот текст: http://www.porta3.mk/shpanija-so-decenii-go-nadgraduva-sistemot-za-selekcija-na-otpad/