Вандалите продолжуваат да дивеат низ градот

Вандалите продолжуваат да дивеат низ градот

2049
0
АКЦИЈА

Повторно на мета на вандалите беа жардинариите поставени на градското корзо. Колку повеќе се вложуваат напори визуелно, од естетски аспект да се подобри животот во градот, непознати сторители веднаш демолираат се пред себе.Известена е и полицијата да изврши увид, меѓутоа сметаме дека ова не е од материјална корист,ова е сторено само да се уништи она што е поставено за општо добро. Апелираме до сите граѓани, ги замолувам да бидат пристојни, да се однесуваат културно, да си го сакаат својот град.


За краток период ова е трет чин на вандалско однесување во центарот на градот.