Транспортирање и депонирање на отпад

Транспортирање и депонирање на отпад

3213
0
АКЦИЈА

Отпадот е последица на човековото живеење. Затоа правилното постапување со отпадот за нас представува императив зошто директно влијае на квалитетот на живеењето на граѓаните на нашата општина.


За таа цел во склопот на Сектор ,,Комунална хигиена и управување и одржување на гробишта ,,е организирана одделението ,,Комунална хигиена,, кое работи на континуирано собирање,транспортирање и депонирање на комуналниот цврст отпад и одржување на Јавната чистота.

Таквата активност е со единствена цел, воспоставување на интегриран систем за управување со отпадот што произлегува од „Законот за управување со отпад“, „Стратегијата за управување со цврст отпад“, „Законот за јавна чистота“ и „Одлуката за комунален ред“ која е донесена од советот на општина Струмица, во кои се уредуваат правата и обврските на правните и физичките лица во врска со управувањето со отпадот.

Исто така согласно се поголемиот број законски обврски кои се воведуваат во оваа област се наметнуваат секојдневни промени во постапувањето и евидентирањето на комуналниот и технолошкиот цврст отпад.

Имајќи го сето горе наведено, се изготвува оваа програма во која се димензионира начинот и обемот на работите за собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот и технолошкиот цврст неопасен отпад како и одржување на Јавната комунална хигиена во општина Струмица.

Одновни дејности кои ги обавуваа оваа одделение се:

-Собирање, транспортирање на цврст комунален отпад од населението и технолошки и комерцијален отпад од индустриските капацитети и деловни објекти во општината.

– Депонирање на отпадот на депонијата за комунален отпад `Шапкар` кај с.Добрашинци и депонирање на инертниот отпад на депонијата “Тркања“.

– Одржување на јавната чистота, метење и миење на булеварите и улиците како во централното така и во периферното подрачје на градот.

– Празнење на урбани корпи за отпад.

– Одржување на улиците во зимски услови.

 

Обемот на извршените услуги ќе зависи од количините на создадениот комунален отпад и бројот на корисниците.

Согласно сегашните податоци за 2017 година овој одделение  планира да врши услуга на: 12.078 домакинства и 1.481правно лице.

Собирањето и транспортирањето на комуналниот цврст отпад ќе се врши во зависност од видот на поставените садови за отпад.

 

За обавување на дејноста индивидуална комунална хигиена,одделението ,,Комунална хигиена ,, e опремена со следната техничка опременост:

 

Вид на возило зафатнина број
Автосмеќар–Мерцедес ЕЦОНИЦ 20м3 1
Автосмеќар–Мерцедес ЕЦОНИЦ 20м3 1
Автосмеќар–Мерцедес Атего 15м3 1
Автосмеќар–Мерцедес 18м3 1
Автосмеќар-ИВЕКО 3 1
Автосмеќар-Мерцедес 20м3 1
Автоподигач- Мерцедес   5М3 1
Градежна машина ТГ-165 1
Трактори 3                                                          2

 

 

 

 

  1. Контејнери со зафатнина од 1.1м3

 

                       __ во функција на домаќинства 241 броја

— во функција на стопанство      98 броја

 

  1. Контејнери со зафатнина од 5м3

 

— во функција на домаќинства   5 броја

— во функција на стопанство    26 броја

 

  1. Канти за отпад со зафатнина од 120л.

 

— во функција на домаќинства 5378 броја

 

Имајќи ја предвид големината на градот, а со цел за поефикасно работење на оваа одделение, градот е поделен на: централно градско подрачје и три реони.

Интензитетот на собирењето на отпадот од централното градско подрачје ќе биде осум пати неделно, што е условено од големата фрекфенција на луѓе и стоки, а тука се сместени и речиси сите јавни институции.

 

Во централно градско подрачје се следните булевари и улици:

 

  • булевар „Маршал Тито“;            – улица “Невена Стојкова“;
  • булевар „Ленинова“; – улица “Моша Пијаде“;
  • булевар „Гоце Делчев“; – улица “Б.Ј. Мучето“;
  • улица „Балканска“; – улица “Димитар Влахов“;
  • улица „Гоце Делчев“; – улица “Ѓуро Ѓаковиќ“;
  • улица “Сандо Масев“; – улица “Младинска“;
  • улица “Јосиф Јосифовски“ – улица “Брака Миладинови“.

 

Останатиот дел на градот ќе биде поделен на три реони и собирањето на отпадот од домакинствата и правните лица ќе биде двапати неделно во секој од реоните. Треба да се напомене дека собирањето на комуналниот и друг вид неопасен отпад од правните субјекти ќе се врши во зависност од тоа во кој од реоните се наоѓаат.

 

Во реон I (понеделник и четврток) спаѓаат следните улици:

  • “Маршал Тито“ – “Кожув“
  • “Е.П.Андонов“ – “Дојранска“
  • “Ристоман Попчевски“                  – “Ванчо Прке“
  • “Бетовенова“ – “Херој Карпош“
  • “Братство“ – “Битолска“
  • “Атанас Нивичански“ – “Скопска“
  • “Плачковица“ – “Караорман“
  • “Бел Камен“ – “Јајце“
  • “Димитар Влахов“ – “11 Септември“
  • „Охридска“           – „Спиро Захов“
  • „Вардарска“ – „Елка Јанкова“
  • „Прилепска“ – „Бошко Буха“
  • „Ѓорги Василев“ – „Белградска“
  • „Димитар Цветинов“ – „Огражден“
  • „Славчо Стојменски“ – „Маврово“
  • „Брегалница“ -„Светозар Марковиќ“
  • „Крушевска Република“     -„Ѓуро Ѓаковиќ“
  • „15 Мај“ -„5ти Ноември“
  • „Егејска“ -„Пиринска“

 

 

Во реон II (вторник и петок ) спаѓаат следните улици:

 

 

-„Ристо Гидалов“                                   -„Трајко Делиџаков“

-„1ви Мај“                                                 -„Боро Поцков“

-„Панче Пешев“                                     -„Страшо Пинџур“

-„4 Јули“                                                 -„Дебарска“

-„Жртви на фашизмот“                         -„Васил Сурчев“

-„Коста Бозов“                                       -„24 Октомври“

-„Киро Минанов“                                   -„Јанко Цветинов“

-„Братство и Единство“                        -„Браќа Миладинови“

-„М.Х.Јасмин“                                       -„Ило Шопов“

-„Александар Македонски“                 -„Климент Охридски“

-„Цар Самуил“                                     -„Ѓорги Трајков“

-„Младинска“                                        -„Дрварска“

-„Иван Палифров“                               -„Тиверија“

-„Крушевска Република“                     -„Широк Дол“

-„Браќа Минкови“                                 -„Б.П.Димитров“

-„Димитар Цветинов“                           -„Тимо Тренчев“

-„Атанас Караман“                               -„Киро Абрашев“

-„Максим Горки“                                    -„12ти Јули“

-„Ѓорги Василев“                                   -„Мануш Турновски“

-„Ристо Клепов“                                     -„Ценка Павлова“

-„Ристо Ќурчиев“                                    -„Ката Поцкова“

-„Мара Минанова“                                 -„Антон Панов““

-„Методија Митевски“                           -„Ѓорги Упчев“

 

 

Во реон III (среда и сабота) спаѓаат следните улици:

 

-„Цветан Димов“                                     -„Кочо Рацин“

-„Моша Пијаде“                                      -„Ѓуро Салај“

-„Н.Н.Борче“                                           -„Сава Ковачевиќ“

-„Чеде Филиповски“                               -„11ти Октомври“

-„Ванчо Китанов“                                    -„Т.Ц.Марџан“

-„Монополска“                                         -„Јане Сандански“

-„Никола Тесла“                                       -„Беласица“

-„Орце Николов“                                      -„Мирче Ацев“

-„Невена Стојкова“                                  -„Солунска“

-„Кукуш“                                                    -„22ри Декември“

-„Вера Циривири“                                    -„Крсте Мисирков“

-„Стив Наумов“                                        -„Загребачка“

-„8ми Март“                                                -„Тошо Арсов“

-„Тодор Чучков“                                        -„Васил Главинов“

-„Неретва“                                                -„Партизанска“

-„Кирил Методи“

 

Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад од петте населени места: Добрејци, Просениково, Дабиле, Градско Балдовци и Куклиш ќе се одвива двапати неделно и тоа: Дабиле и Градско Балдовци (понеделник-четврток); Добрејци и Просениково (вторник-петок); Куклиш (среда-сабота).

 

Како дел од овој оддел е и истуреното одделение со седиште во населеното место Муртино кое ќе работи на собирање на комуналниот отпад од населените места: Муртино, Сачево, Банско и Габрово.

За извршување на овие активности оваа одделение ќе има на располагање:1 Автосмеќер .Динамиката на собирање на отпадот од овие 4 населени места ке биде еднаш неделно (среда).

 

За собирањето на останатите видови на отпад како што се: гранки, треви и градежен шут ќе бидат ангажирани два трактори кои ќе вршат интервенции по претходна пријава на граѓаните преку Систем 48.

 

Целиот собран комунален отпад од домаќинствата и индустријата ќе биде транспортиран и депониран на депонијата „Шапкар“ лоцирана во близина на с.Добрашинци. Депонираниот отпад ќе се резистира во хоризонтални полиња со дебелина на слоевите од 0,5-0,8 м, а вака формираните полиња ќе бидат прекривани со слоеви од земја со дебелина од 0,3 м.

За извршување на целата оваа операција овој оддел има на располагање градежна машина ТГ-175.

Индустрискиот инертен отпад, како и градежен шут од граѓаните ќе се депонира на депонијата „Шапкар“.