Проодни сите локални патишта и главни градски сообраќајници

Проодни сите локални патишта и главни градски сообраќајници

2124
0
АКЦИЈА

Во текот на ноќта постојано се работеше на терен и како резултат на тоа сите локални патишта и главни градски сообраќајници се проодни, а по потреба фрлена е и сол на патиштата и улиците. Интензивно се работи за чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини.Од утрото, се чистат и споредните улици, улици кои припаѓаат на четвртата категорија по френкфенција на сообраќај. Зимската служба при ЈПКД “Комуналец“ ја следат состојбата 24 часа на ден. Патиштата кон сите населени места во Општина Струмица се проодни и сообраќајот се одвива нормално. Апелираме до сопствениците на деловни простори имаат законска обврска да ги чистат површините пред нивните дуќани, а апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила неправилно, за да не го попречуваат ефикасното чистење на улиците.