Проект „Уметност и вода – магија на животот“

Проект „Уметност и вода – магија на животот“

2595
0
АКЦИЈА

Фотографија на Општина Струмица.Културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ е проект кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија. Под овој слоган „Уметност и вода – магија на животот„ пред неколку седмици започнаа активности на пречистителната станица за отпадни води во Општина Струмица. Проектот инволвираше ангажирање на уметници кои ги оплеменија бетонските површини на Пречистителната станица. Ð¤Ð¾Ñ‚ографија на ЕУ ИнфоЦентар.Фотографија на Коста Јаневски.Фотографија на Општина Струмица.Фотографија на Коста Јаневски.Фотографија на Општина Струмица.Фотографија на Коста Јаневски.


Преку овој проект се дава акцент на неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава – со што значајно се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина и се намалува надземното и подземното загадување. Секако, тоа се постигнува со планирање и примена на современи системи за третман на отпадните води кои се реализираат во согласност со стандардите и регулативите на Европската Унија. Со тоа се унапредува квалитетот на местата во коишто живееме и се запазува еколошкиот аспект на модерното живеење.Фотографија на Коста Јаневски.

„Со евроамбасадорот Самуел Жбогар, денеска, присуствуваме на прекрасен настан на Пречистителната станица каде што уметноста уште еднаш ја потврди својата големина и моќ на обединување, а вештите раце на ликовните уметници за упатување силни пораки за глобални акции. Имав чест посебно да ги поздравам уметниците кои на бетонските површини им дадоа нов лик и на учениците од основните училишта во општина Струмица кои преку нивните дела покажаа, а нас, возрасните, не потсетија за нашата одговорност, за значењето на водата, како еден од основните природни ресурси. Како Општина на која што заштитата на животната средина во овој современ начин на живеење и е приоритет, без двоумење ја прифативме партнерската понуда на Здружението за третман на води на Северна Македонија за реализација на културно – уметничкиот проект „Уметност и вода – Магија на животот“, финансиран од Европската Унија. И денеска бевме навистина горди на делата од овој проект. Горди сме и на Пречистителната станица, која изградена со средства од ИПА фондовите и во согласност со регулативите на Европската Унија, е прва во државата, со која што Општина Струмица го решава проблемот со отпадните води.  Ќе продолжиме и понатаму да иницираме и поддржуваме нови проекти со кои ќе обезбедуваме квалитетен живот на нашите граѓани во чиста животна средина.“ изјави Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.