Комуналната инспекција врши вонредни контроли на фрлање и палење отпад на јавни...

Комуналната инспекција врши вонредни контроли на фрлање и палење отпад на јавни површини

1974
0
АКЦИЈА

Во периодот од 19.03.2019 до 08.04.2019 година комуналната инспекција на општина Струмица вршеше вонредни инспекциски контроли на фрлање и палење на отпад на јавни површини. Контролите се вршеа во две смени во сите 7 денови од неделата, при што акцентот беше ставен на локации каде што има детектирано создавање на диви депонии.Согласно законските надлежности од страна на овластениот комунален инспектор и комуналните редари, во 9 случаи биле затекнати прекршители кои вршеле фрлање и запалување на отпад, по што против истите се изречени осум прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог и една санкција со издавање на прекршочен патен налог.
Во неколку случаи, а во соработка со МВР и ТППЕ Струмица беше делувано превентивно, во поглед на гаснење на запален отпад, односно, спречување на ширење на пожари.
Инспекциските контроли ќе се вршат континуирано и во наредниот период.Фотографија на Општина Струмица.Фотографија на Општина Струмица.Фотографија на Општина Струмица.