Зошто рециклирањето е важно за нас и животната средина?

Зошто рециклирањето е важно за нас и животната средина?

2662
0
АКЦИЈА

Чиста и здрава животна средина е круцијален фактор за квалитетот на живот кој го водиме. Нашите секојдневни навики и начин на живот станаа рефлексија на прекумерно конзумирање на производи и создавање на големи количини на отпад. Несоодветното третирање на отпадот предизвикува големи проблеми со загадувањето кај нас и насекаде низ светот.


Се во природата си има своја функција и различна примена во еден обновлив циклус кој го овозможува постоењето на нашата зелена планета. Природата има лимитиран број на ресурси кои ние прекумерно ги користиме. Преку небрежноста кон околината и отпадот кој го создаваме предизвикуваме негативни ефекти кои ги попречуваат процесите како фотосинтеза, ги загадуваат воздухот, почвата и водите кои се главни извори на живот.

Застрашувачки е фактот што на годишно ниво во просек се фрлаат толкав број на пластични шишиња со кои Земјата би можела да се заобиколи 4 пати. Просечниот човек произведува 1,500 кг. отпад годишно. Кога ќе се земат во предвид бројот на жители во светот тоа претставува огромна бројка која предизвикува големи загадувања на животната средина.Поврзана слика

Линк до: sunilens.com.mk