Заврши изградбата на базните прегради во населеното место Габрово

Заврши изградбата на базните прегради во населеното место Габрово

1620
0
АКЦИЈА

Заврши изградбата на базните прегради (каскади) кои што ќе ги смируваат атмосферските води од планината Беласица, во атарот на населеното место Габрово.За изградбата на базните прегради се потрошени 504 илјади денари, од кои 95% беа обезбедени од Бирото за регионален развој, а останатите средства од буџетот на општина Струмица.


Со реализацијата на овој проект се овозможува превенција на локалното население од штетите предизвикани од пообилните врнежи, материјалните штети на објектите и домаќинствата, големите наноси од камења, дрвја и шут и оштетување на постоечката патна мрежа и потпорни ѕидови.