Се чистат сливниците и одводните шахти

Се чистат сливниците и одводните шахти

2128
0
АКЦИЈА

Работната единица од одделението “Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ во склоп на програмската обврска почнаа акција за расчистување на одводните шахти и сливници. По снежните наноси и дождови што периодов го зафати градот, надојдените води се слеваа по улиците од повисоките кон пониските зони. Акцијата се спроведува во повеќе реони, во централното градско подрачје, но и во останатите населени места на територијата на Општина Струмица. Интензивната акција за расчистување се спроведува како превенција од затнување на шахтите и неможноста за прибирање поголема количина на вода.


ЈПКД “Комуналец“ апелира до граѓаните да внимаваат и да не фрлаат смет со кој се затнуваат одводните шахти.