Донирано специјално возило за подигање смет на Општина Босилово

Донирано специјално возило за подигање смет на Општина Босилово

443
0
АКЦИЈА
Откако Управниот одбор на „Комуналец“-Струмица донесе одлука за донација на специјално возило за смет, да и се помогне на општина Босилово, а потоа истата таа одлука доби и „зелено светло“ од страна на Советот на општина Струмица, денес беше извршено примопредавање на такво возило во дворот на „Комуналец“ Струмица.
„Општините не смеат да се делат на големи и мали, ниту пак на „наши и ваши“ според политичката припадност на луѓето кои ја сочинуваат локалната власт. Потребите на граѓаните немаат партиска обоеност. Токму поради тоа, денешната солидарност на дело треба да биде вистински урнек за сите општини во државата.„- изјавија Градоначалниците на Општина Струмица и Општина Босилово како и Директорот на ЈПКД „Комуналец„ – Струмица.