Градежен шут и друг отпад отстранет од тротоарот

Градежен шут и друг отпад отстранет од тротоарот

2307
0
АКЦИЈА

Несовесни лица исфрлаат отпад на локации во градот. Таков е случајот со фрлен градежен шут и друг отпад од тротоарот на улица “Младинска“ во близина на О.О.У. „Никола Вапцаров“. Стакло, ќеси со ѓубре и храна, градежен материјал, гранки, делови од скршени апарати за домаќинство е сликата која што можеше да се види на тротоарот, на само дваесеттина метри од најблискиот контенјер. Зголемениот број на активности на Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ не влијаје на зголемување на свеста кај некои граѓани кои до контенјерите создаваат мали депонии.ЈПКД “Комуналец“ апелира до граѓаните да се пријави секој ваков случај на тел: 034 325 909 за истиот да биде санкциониран и подигнат.