Топ 10 земји во светот кои рециклираат најмногу отпад

Топ 10 земји во светот кои рециклираат најмногу отпад

1512
0
АКЦИЈА

Не е тајна дека постојано расте популацијата на Земјата. Технолошкиот напредок и нивото на културата се зголемува, живееме брзо и се помалку имаме време да видиме во каква состојба е светот околу нас. Колку го загадуваме сопствениот дом станува јасно кога на телевизија ќе наидеме на емисија на која се зборува за последиците од глобалното затоплување. Кога би ја споредиле нашата планета со човечко суштество, таа би била изморен старец кој едвај оди, тешко дише, а и понатаму држи цигара во устата.


Податоците за управувањето со отпадот на глобално ниво тешко се собираат за да прикажат една целина. Пластичната часаш која сте ја ставиле во контејнер за рециклирање во Њујорк, на пример, има поинаков пат од таа во контејнер во Скопје. Затоа е страшен предизвик да се направи обединета листа на рециклирањето во светот. Меѓутоа, Организацијата за економска сорработка и развој (OECD) го следеше менацирањето со отпадот во дури 35 партнерски земји и резултатите се вчудовидувачки.

Германија е на прво место по количината рециклиран отпад. Во Германија најголем дел од жителите – дури 68% – рециклираат. Како го постигнуваат тоа? Најпрвин, има јавна иницијатива со цел да се едуцираат жителите за тоа што е отпад, компост и рециклирање. Исто така, граѓаните треба да плаќаат повеќе за амбалажа, па тоа доведе до нивна намалена употреба, а зголемена рециклажа.

JUŽNA KOREJA - SEUL

На второ место е Јужна Кореја. Земјата во проектот „Зелен раст“ (Green Growth) инвестираше дури 2% од својот БДП. Тоа заедно со другите јавни иницијативи резултираше со стапка од речиси 59% рециклиран отпад.

Поврзана слика

Третата позиција по количината рециклиран отпад ја делат Словенија и Австрија. Овие земји успеваат да рециклираат дури 58% од својот отпад. Иако Германија е на прво место, Словенија се покажа како земја со најбрз раст и развој на програми за рециклирање. Австриската влада, пак, се сврте кон реализација на целта на ЕУ до 2020 година да се зголеми рециклирањето за 50%.Поврзана слика

Наредна на листата е Белгија со 55% рециклиран отпад. Оваа земја има добра програма за рециклирање со која владата ги поттикнува луѓето да бидат „зелени“. Рециклирањето е задолжително, а собирањето различен отпад е строго утврдено. Се што се фрла мора да биде точно сортирано и фрлено во обоени кеси кои секој сам ги купува.Поврзана слика

На петто место е Швајцарија, која рециклира до 51% од својот отпад.  Интересен е податокот дека во Швајцарија постојат тн. „детективи за отпад“ чија задача е да откријат погрешно фрлено или сомнително ѓубре. На шесто место е Холандија со 50% рециклиран отпад. Холандија се смета за многу „зелена“ земја не само поради пространите полиња туку и поради заштитата на живтоната средина. Надвор од Амстердам секоја куќа им по три посебни канти за ѓубре: зелена за овошје и зеленчук, сива за друг отпад, а третата е за хартија.

Поврзана слика

Веднаш зад Холандија е Луксембург со 48% рециклиран отпад, а зад него е Исланд со 44% рециклиран отпад. И Данска е прав експерт за рециклирање. Тие успеваат да рециклираат дури 44% од отпадот, а како и Швајцарија и Данска има свои детективи за отпад. На десетто, последно, место на листата е Обединетото Кралство со 43% рециклиран отпад.