Пазари

Пазари

5128
0
АКЦИЈА

Пазарите во општина  Струмица се на територијата на градот на локации кои овозжуваат лесен пристап за задоволување на потребите на граѓаните од сите делови на општината.


Со нив управува ЈПКД“Комуналец“ – Струмица преку одделението  “Пазари“ во склоп на “Секторот за управување и одржување јавно зеленило и пазари“.

Тие се организирани за вршење промет со прехранбени производи на мало, на трите пазари: “Глобал“, “Чешел“ и “Кантон“ и за вршење промет на големо “Кванти пазар“ на   кој има и дел  за промет на добиток.

Организаторот на пазари “ЈПКД“Комуналец“  на нив врши услуги на корисници, правни и физички лица, за вршење трговија на мало и на големо пред се на земјоделски производи од нашите производители но и на јужно овошје и на други индустриски, прехранбени и непрехранбени производи како и на занаетшиски производи.

Програмата за одржување и користење на пазарите за 2017 год. е во согласност со Програмата за работа на јавното претпријатие и Планот за остварување на финансиски средства за негова работа.

Остварувањето на финансиски средства од работењето на пазарите се предвидуваат согласно досегашните искуства од повеќе елементи:

  • Физичкиот обем на пружење услуги на корисниците;
  • Квалитетот на услугите;
  • Трошоците на работење;
  • Капацитетот на услугите и неговата искористеност;
  • Начинот и формата на наплата на услугите;
  • Вложување напори за зголемување и за навремена наплата.

 

 

 

 

Програма за работана пазарот на мало-градски пазар

“ГЛОБАЛ“

Пазарот на мало градски пазар “Глобал“ е централен пазар во Струмица кој секојдневно ги опслужува потребите на граѓаните со земјоделски производи и други прехранбени производи како и со индустриски и занаетчиски стоки за широка потрошувачка.

Неговата лоцираност во центарот на градот каде е најголемата концентрација на потенцијални купувачи, ќе го зачува неговиот примат на најпрометен и најдобро  снабден пазар.

Својот  квалитет како добро организиран и инфраструктурно добро опремен ќе го задржи и во наредната година.

За остварување на сето тоа, предвидено е во наредната година да се преземат уште неколку активности покрај вообичаените.

Од аспект на грижа за  хигиената и безбедноста на производите  ќе се изврши генерално чистење и варосување на целиот објект и поправка на оштетени продажни места.

Поголема инвестиција на овој пазар ќе биде реконструкцијата на влезот за дотур на стоки од ул.“Васил Сурчев“ што беше предвидено да се заврши досега, но од оправдани технички причини остана нереализирано. Целиот тој простор од околу 200м2 ќе биде обновен со нова канализациска и водоводна мрежа и поплочен со квалитетен бетон. Во него ќе биде организиран дел, за контејнери за разновиден отпад, кој ќе може соодветно да се чисти и да се пере и дезинфицира. Оваа активност беше предвидена за изминатата година,но поради неусогласеност со другите корисници од “Глобал“ не се реализира.

 

Со сите корисници на продажни места ЈП ќе склучи Договор за закуп кој ќе биде, согласно законските одредби, со важност до крајот на календарската година.

 

Програма за работана пазарот на мало“ЧЕШЕЛ“

 

Пазарот на мало“Чешел“ ќе ја извршува својата дејност со веќе утврдена намена за потребите пред се на земјоделски производители и делумно за други заинтересирани физички лица и правни субјекти за продажба на индустриски стоки и занаетчиски производи.

Занаетчиските производи ќе може да бидат присутни до стапување на сила на нов Закон за трговија на зелени пазари со кој пак се предвидува тие да бидат одстранети од зелените пазари во РМ.

Неговата организираност ќе остане иста, односно продажбата на прехранбените и непрехранбените стоки ќе се врши на посебни целини заради не мешање.

Таквото работење  бара и висок степан на хигиена на пазарот. ЈП е подготвено и во наредната година технички и персонално да одговори на потребите со редовно одржување на хигиената со метење и чистење и со неделно перење и дезинфицирање на продажните места за прехрана, се со цел на пазарот да се обезбедат услови за продажба на безбедна храна.

Инфраструктурата на пазарот во наредната година ќе остане иста бидејки засега ги задоволува потребите на заинтересираните продавачи и на купувачите.

Издавањето на продажните места ќе се врши исто така со јавен оглас и ќе се склучуваат Договори со заинтересираните правни субјекти и на земјоделските производители со месечна резарвација.

И овој пазар ќе работи со утврден Пазарен ред кој ќе биде јавно истакнат и поделен на корисниците.

За негово функционирање предвидено е 24 часовно присуство на вработените.

 

 

Програма за работана пазарот на мало“КАНТОН“

 

 

Овој пазар, со локација во втора урбана заедница, воглавно ги опслужува жителите од овој дел од градот со работа само во пазарен ден- еднаш неделно.

Меѓутоа во последните години интересот за него порасна и се наметна потреба за целосно доуредување и ставање во функција на целиот негов капацитет.Затоа ЈП ќе изврши доопремување на продажните објекти и дооуредување на неговата површина.

Нерасчистените имотно-правни работи за него не дозволуваат поголеми инвестирања, па така и наредната година тоа ќе се сведе на негово тековно одржување.

За обемот на работа на овој Пазар ЈП во пазарните денови ќе ангажира двајца вработени.

Одржувањето на хигиената на пазарот ќе ја врши одделение.“Комунална хигиена“ согласно потребите.

 

 

Програма за работана пазарот на големо “КВАНТИ ПАЗАР“

 

 

Пазарот на големо “Кванти пазар“ прерасна во регионален центар и е  еден од најголемите во РМ, за пласман и откуп на големо на земјоделски производи.

Таквиот тренд очекуваме да продолжи и наредната 2017 година бидејки неговиот капацитет е осетно зголемен со доуредувањето на целата негова површина.

ЈП ќе продолжи со зголемување на квантитетот  и квалитетот на услугите пред се кон земјоделските производители а секако и кон откупувачите кои доаѓаат од целата држава.

Планирано е и локации за изградба на објекти од времен карактер за заинтересирани правни субјекти.

Пазарот ќе работи 24 часа со присуство на инкасанти, редари и чистачи.

ЈПКД“Комуналец“ е подготвен кадровски и технички да одговори на предвидените зголемени активности се со цел овој пазар навистина да функционира беспрекорно.

За остварување на сето предвидено очекуваме поголема соработка со МВР–сектор за сообраќај, односно навремено регулирање на сообраќајот на патниот правец Струмица–с.Просениково со што ќе им помогнеме најмногу на земјоделските производители кои најчесто доаѓаат од него.