Новонастаната дива депонија

Новонастаната дива депонија

1453
0
АКЦИЈА

Дел од екипите при Ј.П.К.Д “Комуналец”, по барање на месното население, денес исчистија дива депонија создадена од несовесни граѓани во близина на ул.Бетовенова и покрај апелите на претпријатието до граѓаните да го депонираат отпадот на местата одредени за тоа. Беа подигнати големи количини на разновиден отпад.
Поради грдата слика и непријатната миризба, но пред се поради тоа што е законски забрането,Ј.П.К.Д “Комуналец” апелира до граѓаните да не создаваат диви депонии фрлајќи смет, како и комунален и градежен шут и отпад на недозволени места на јавните површини!