Подготовка и чистење на базентот за престојниот празник Водици

Подготовка и чистење на базентот за престојниот празник Водици

2125
0
АКЦИЈА

Денес, 17.01.2018 година, среда, екипи од одделението “Комунална Хигиена“ при ЈПКД “Комуналец“ Струмица извршија подготовка и чистење на и околу комплексот каде ќе се одржи традиционалното фрлање на крстот по повод празникот Водици. Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.