Нивелирање на шахтите на повеќе улици во градот

Нивелирање на шахтите на повеќе улици во градот

1226
0
АКЦИЈА

Шахти подигнати повеќе од нормалното ниво или пропаднати шахти под нивото на коловозот на сообраќајницата претставуваат секојдневен проблем на граѓаните. Ваквите шахти се сериозен сообраќаен проблем, кој може да предизвика и несакани последици за учесниците во сообраќајот. Работна единица од “Секторот водовод и канализација“ при ЈПКД “Комуналец“ реализираа активности за асфалтирање и нивелирање на шахтите на повеќе улици во градот. Оваа активност на вршење  замена и нивелирање на шахтите, ќе продолжи  се со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во Струмица.