Шахти подигнати повеќе од нормалното ниво или пропаднати шахти под нивото на коловозот на сообраќајницата претставуваат секојдневен проблем на граѓаните. Ваквите шахти се сериозен сообраќаен проблем, кој може да предизвика и несакани последици за учесниците во сообраќајот. Работна единица од “Секторот водовод и канализација“ при ЈПКД “Комуналец“ реализираа активности за асфалтирање и нивелирање на шахтите на повеќе улици во градот. Оваа активност на вршење замена и нивелирање на шахтите, ќе продолжи се со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во Струмица.