Комуналец ги исчисти наносите од дождот

Комуналец ги исчисти наносите од дождот

1537
0
АКЦИЈА

Врнежите од дожд наполнија дел од улиците во градот со наноси од кал, песок и разновиден отпад. Уште од раните утрински часови екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со чистење и миење на поплавените улици.


Според раководителот на работната единица „Чистота“ Бранко Георгиев екипите на „Комуналец“ денеска ги чистеа улиците „Маршал Тито“, „Ѓорѓи Василев“, „Мануш Турновски“, „Младинска“, „Браќа Минкови“, „Атанас Караман“, „Максим Горки“ како и дел од улиците во повисокиот дел на градот. Освен што се чистеја улиците и комплетно се измија со што целосно се отстранија наносите од коловозите и тротоарите на  кои се нормализира движењето на  пешаците и возилата.