Комуналец ги исчисти наносите од дождот по улиците во градот

Комуналец ги исчисти наносите од дождот по улиците во градот

2464
0
АКЦИЈА

Улиците во градот кои беа покриени со наноси од  силниот дожд што пред два дена  ја зафати Струмица, повторно се во нормална состојба. Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ веднаш се впуштија во акција за одстранување на наносите и спречување на последици од пошироки размери. Во текот на вчерашниот ден се чистеа наносите од кал, песок и разновиден отпад, а денеска се миеја поплавените улици. Со екипите на „Комуналец“ работеа и вработените во противпожарната единица, кои во координирана акција брзо и ефикасно, го нормализираа движењето  на возилата и пешаците по поплавените улици и тротоари.