Комуналец санираше дупки на 12 улици

Комуналец санираше дупки на 12 улици

2448
0
АКЦИЈА

На вкупно 12 улици во Струмица денеска работеа екипи на ЈПКД „Комуналец“. Ги санираа дупките, но и прокопите од градежните зафати што ги изведуваа неколку претпријатија. Вкупно 20 тони асфалт се потроши на улиците „Маршал Тито“, „Ката Поцкова“, „Дунавска“, „Крушевска Република“, „Ѓорѓи Трајков“, „Жртви на фашизмот“, „Климент Охридски“, „Ванчо Китанов“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Неретва“ и на булеварот „Ленинова“. Санирањето на дупките и прокопите во градот и населените места ќе продолжат и во наредниот период.