„Еко Фронт ПРЕДИЗВИК“ со учениците од С.О.У. „Јане Сандански“

„Еко Фронт ПРЕДИЗВИК“ со учениците од С.О.У. „Јане Сандански“

1250
0
АКЦИЈА

Во рамките на планираната акција „Еко фронт-Чиста да ни е“, вчера 19 април 2019 година, се реализира герила проектот „Еко Фронт ПРЕДИЗВИК“. Несебичично и со голем ентузијазам, предизвикот го прифатија учениците од С.О.У. „Јане Сандански“. Се исчисти дива депонија создадена од несовесни граѓани во пределот покрај патот до локалитетот „Цареви Кули“. Преполни со лутина и неразбирање како може некој човек свесно и без никаква почит спрема природата туку така само да фрла ѓубре каде и да стигне средношколците започнаа со чистење и за само еден час собраа повеќе од 30 вреќи отпад.Оваа герила акција ке земе се поголем замав, прифаќањето на иницијативата за чистење на ѓубрето, градењето на свест за здрава животна средина, учениците од С.О.У. „Јане Сандански“ го направија вистинскиот чекор, за поттикнување на граѓаните за подигање на свеста за грижата и заштитата на природата и животната средина.


Во рамките на планираната акција „Еко фронт-Чиста да ни е“, вчера 19 април 2019 година, се реализира герила проектот „Еко Фронт ПРЕДИЗВИК“. Несебичично и со голем ентузијазам, предизвикот го прифатија учениците од С.О.У. „Јане Сандански“. Се исчисти дива депонија создадена од несовесни граѓани во пределот покрај патот до локалитетот „Цареви Кули“. Преполни со лутина и неразбирање како може некој човек свесно и без никаква почит спрема природата туку така само да фрла ѓубре каде и да стигне средношколците започнаа со чистење и за само еден час собраа повеќе од 20 вреќи од по 110л. отпад.

Gepostet von ЈПКД "Комуналец" Струмица am Samstag, 20. April 2019