Домашно компостирање

Домашно компостирање

1685
0
АКЦИЈА

Дури 40% од отпадот во едно домаќинство може да се компостира.Иако компостирањето е, пред сè, природна појава, сепак тоа не значидека секој од нас не би можел да компостира. Порано луѓето во нашите краишта компостирале. Можеби не го правеле тоа онака како што треба, ама сепак знаеле дека тоа е корисно, па токму затоа практикувале да го собирааторганскиот отпад на куп заедно со земја и лисја. Од таквата смеса добивалеѓубриво кое им служело за ѓубрење на градините и нивите.
За жал, таквата практика кај нас речиси целосно е напуштена. Image result for домашно компостирањеЗаразлика од нас, домашното компостирање е широко прифатена и нормална практика во западноевропските земји. Редовна појава во доворовите се компостерите. Овој начин на управување со комуналниот отпад создава можност секој поединец на најдобар можен начин да се справи со дел од
отпадоците што самиот ги создава.Related imageОваа практика на домашно компостирање претставува високо
развиена јавна свест за управување со отпадот. Правилното домашно компостирање не носи никаква опасност за здравјето на луѓето, туку напротив, придонесува за подобра и почиста животна средина.


Извадок од публикацијата “Од органски отпад до органски компост“ Доц. д-р Лилјана Колева-Гудева / Драги Јанев