Вандалско уништување на јавните добра

Вандалско уништување на јавните добра

3437
0
АКЦИЈА

Несовесни граѓани деновиве го искршиле летниковецот поставен покрај станбените објекти на улица “Младинска“ во близина на ООУ “Никола Вапцаров“. Мета на вандалски чин беше и детското игралиште во градскиот парк. Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ апелира “Ваквата општествена неодговорност и чин на вандализам не не води никаде.  Неретко се случува откако ќе се обнови комуналната опрема, несовесни граѓани да ја уништат. Апелираме до граѓаните да пријават вандалско однесување и да споделат информации за уништување на заедничкиот имот.