Продолжува делењето на нови корпи за отпад во градот

Продолжува делењето на нови корпи за отпад во градот

2375
0
АКЦИЈА

ЈПКД ,, Комуналец ,,  во соработка со Општина Струмица за време на следниот продолжен викенд (недела и понеделник),  продолжува со доставувањето на нови корпи за отпадоци. Се работи за околу 3000 нови корпи кои пристигнаа деновиве, и ке се дистрибуират во горниот дел од градот Струмица. Се известуваат граѓаните кои не добиле, и нема да  добијат  корпи поради нивно отсуство во текот на акцијата,  дека корпите можат да ги подигнат од  дворот на ,,ЈПКД Комуналец Струмица,, со лична карта од носителот на комуналното право.