Хортикултурно уредување на улица Климент Охридски

Хортикултурно уредување на улица Климент Охридски

2334
0
АКЦИЈА

Екипи  од Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ деновиве активно работат на холтикултурно уредување на новите пешачките острови на  улица Климент Охридски (од Жито Струмица до излезот спрема Добрејци). Се врши садење на дрвја од Индијски јоргован, на колоритни зимзелени садници, трева, како и  поставување на систем  за наводнување капка по капка. Со поставувањето на пешачки тротоари и осветлување од страна на Општина Струмица се очекува овој дел од градот да добие нов урбан лик се со цел граѓаните да добијат поубаво, попријатно и почисто место за живеење.