Се обновуваат и реновираат реквизитите во детските игралишта во Општина Струмица

Се обновуваат и реновираат реквизитите во детските игралишта во Општина Струмица

2271
0
АКЦИЈА

Деновиве започна санација на детстките игралишта на јавните површини во Општина Струмица. Се реновираат руинираните реквизити како жителите би  можеле во целост овие места да ги искористат за она за коешто се наменети, за одмор и рекреација. На фотографијата се забележува несовесно користење на реквизитите наменети за најмалите од страна возрасни граѓани.


ЈПКД „Комуналец“ апелира до граѓаните да се воздржат од деструктивни акти бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор и каде најмладите заедно со своите родители се дружат и социјализираат. Уништувањето на средината во која и самите живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.