Акцијата „Еко Фронт-Чиста да ни е“ денеска во населеното место Баница

Акцијата „Еко Фронт-Чиста да ни е“ денеска во населеното место Баница

2303
0
АКЦИЈА

Продолжува пролетната акција во склоп на проект – кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“ во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ за генерално чистење на населените места. Во кампањата беа опфатени дивите депонии на локалниот пат кон населените места Баница и Водоча, a денес 03.05.2019 петок, на терен излегоа екипи од работната единица „Комунална хигиена“ и се изврши генерално чистење во населено место Баница. Акцијата се одвиваше рачно и механички со специјална механизација за ваков вид чистење.


Упатуваме апел до граѓаните да земат дел на било каков начин во кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“, заедно сите со оваа акција да дадеме еден нов белег во чистотата и културата на живеење во Општина Струмица.