Акција за пролетна заштита на дрвата

Акција за пролетна заштита на дрвата

1991
0
АКЦИЈА

Работната единица од одделението “Градско Зеленило“ при Јавното прептријатие за комунални дејности “Комуналец“ денес ги бојадисуваа дрвата со вар за заштита од штетници по целата должина на Булеварот „Ленинова“. Оваа активност ќе ги опфати сите дрвореди на јавните површини на територијата на Општина Струмица.  Белите стебла добро ги одразуваат сончевите зраци, што помага да се заштитат дрвјата од прегревање и напукнување на кората. Овој процес уништува огромен број на инсекти и габи кои живеат и ја инфицираат кората и го спречува развојот на разни болести на стеблата.