Состанок помеѓу АДКОМ и СУТКОЗ

Состанок помеѓу АДКОМ и СУТКОЗ

1471
0
АКЦИЈА
Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Струмица Зоран Горгиев кој воедно е претседател на Здруженито на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија АДКОМ одржа работен состанок со Дарко Димовски претседателот на Сојузот на Синдикати на Република Северна Македонија ССМ и претседател на Синдикатот на комуналните работници на Република Северна Македонија СУТКОЗ. На состанокот беше присутен и Бранко Георгиев раководител на секторот Комунална хигиена при ЈПКД „Комуналец“ Струмица и регионален синдикален секретар.
На работниот состанок се разгледуваше предлог текстот на Колективниот договор за комуналните дејности изготвен од СУТКОЗ кој во најскоро време се очекува да биде потпишан од АДКОМ , со кој се уредуваат и унапредуваат правата на комуналните работници во државата.
Исто така се разговараше и за потребата од заеднички настап на СУТКОЗ и АДКОМ за добивање приоритетната листа за вакцинација на комуналните работници кои во изминатиот период во време на пандемија не се штедеа и вложуваа максимални напори за обезбедување на навремени услуги преку отстранување на отпадот контаминиран и со Ковид – 19 како и санирање водоводните и канализационите дефекти.