Нови мини депонии во центералното градско подрачје

Нови мини депонии во центералното градско подрачје

1363
0
АКЦИЈА

И покрај редовното чистење и метење на улиците низ градот несовесни граѓани продолжуват да прават мини депонии и тоа во централното градско подрачје. На јавни површини близу до нивните домови и згради се фрла секаков вид на отпад. Ние како Јавно Комунално Претпријатие вршиме подигање на смет од домаќинствата исклучиво во кантите кои се доделени за таа намера. Напоменуваме и ги молиме сите граѓани останатиот одпад да го пријавуваат на бројот 13110 се со цел да биде подигнат во најкраток можен рок. Секое непријавување е некултурно и ја загадува животната средина во која сите ние живееме. Ако имате друг отпад не го оставајте пред зградите надвор од контењерите и на јавните површини туку пријавете бидејки таквиот отпад не може да оди во камионот за собирање на смет од домаќинствата. За тоа е потребно да донесеме трактор и да го отстраниме отпадот. Да се однесуваме сите одговорно и со тоа да допринесеме за поубав и почист град, за подобра животна средина во која ние сите живееме.