ЈПКД „Комуналец“ покрај пролетната акција за чистење на дивите депонии продолжува и со хортикултурно уредување на јавните површини низ Струмица. Со цел за поубав и поурбан изглед на градот освен уредување на кружните текови , деновиве се врши садење на стотина дрвја Манголија и Индиски јоргован по целата должина на зелените острови на булеварот Ленинова. Се очекува овие дрвја со своето пролетно цветање да дадат убав свеж изглед на овој дел од градот. Апелираме до граѓаните да не вршат оштетувања на посеаните дрвја за да добиеме еден нов поубав изглед на булевар Ленинова.