Чистење на Вељуса

Чистење на Вељуса

1239
0
АКЦИЈА

Денес ЈПКД „Комуналец„ во соработка со Месната заедница на населеното место Вељуса започнаа Еко акција за чистење на населеното место. Во акцијата ЈПКД „Комуналец„ вклучи соптсвена механизација, 5 трактора, два багери и петнаесетина работници кои беа распоредени на повеке локации. Беа исчистени дивите депонии околу и во гробиштата, две диви депонии над населеното место, како и огромната депонија на фудбалското игралиште. Огромна благодарност и до Месната заедница на населеното место Вељуса која освен што се вклучи активно во акцијата ќе обезбеди и луѓе кои ке патролират околу селото и ќе фотографираат и пријавуваат секакво фрлање на отпад во и околу населеното место. Апелираме и до сите граѓани активно да се вклучат во акцијата и да го пријават несовесното фрлање на отпад со цел да се казни несовесното и неправилно депонирање, а со сето тоа да ја исчистиме, одржиме и подобриме околината во која живееме.