Најава за обилни врнежи од дожд, „Водовод и канализација“ со вонредна акција

Најава за обилни врнежи од дожд, „Водовод и канализација“ со вонредна акција

2217
0
АКЦИЈА

Денеска и во наредните неколку дена, времето ќе биде облачно со засилен ветер, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи.
Како што соопштија од Управата за хидрометеролошки работи, под влијание на серија влажни бранови, исто време ќе се задржи и во наредните денови, односно ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2. 


Пред почетокот на  невремето “Андреа”, екипите на одделението „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ излегоа на терен со вонредна акција за чистење на шахтите и одводите на критичните точки низ градот, како што се улиците: „Младинска“, „Ѓорги Василев“, „Ката Поцкова“, Ристо Ќурчиев“, „Браќа Минкови“, „Боро Поцков“. Поминати и проверени се сите кризни точки каде што се очекува голема количина на вода и континуирано ќе се следи состојбата на овие делови од градот.