Подрачното училиште во село Баница при О.О.У. „Сандо Масев“ го прифатија Еко-Предизвикот

Подрачното училиште во село Баница при О.О.У. „Сандо Масев“ го прифатија Еко-Предизвикот

2597
0
АКЦИЈА

Во рамките на кампањата „Еко фронт-Чиста да ни е“, денес 8 мај 2019 година, се реализира уште една акција на герила проектот „Еко Фронт ПРЕДИЗВИК“. Овој пат предизвикани беа учениците од Подрачното училиште во село Баница при О.О.У. „Сандо Масев“. Тие несебично се приклучија во акцијата, излегоа да го исчистат ѓубрето во околината на училиштето. Целта на оваа герила акција е да се подига еколошката свест кај најмладите, а на овој начин, кога ќе вложат труд и самите ќе бидат повеќе грижливи да не ја загадуваат околината.