“Еко Фронт„ со акција во населено место Куклиш по повод „Светскиот ден...

“Еко Фронт„ со акција во населено место Куклиш по повод „Светскиот ден на планетата Земја“

2861
0
АКЦИЈА

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 – ри  Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да се доведе до промена на еколошката свест. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата ,создавањето на диви депонии, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. Во склоп на акцијата „Еко Фронт – Чиста да ни е„ во организација на Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ со почеток од денес се организира генерално чистење на населено место Куклиш. Целата механизација, градежна оператива, сите свои ресурси и можности на Општина Струмуица и ЈПКД „Коуналец“ ќе бидат вклучени во оваа акција. Посебно не радува што самоиницијативно се вклучија и учениците од деветто одделение со директорот и наставниот кадар од О.О.У. „Даме Груев“.

Gepostet von ЈПКД "Комуналец" Струмица am Montag, 22. April 2019