Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе населени места на територијата на Опшина Струмица. Со вакви конкретни теренски активности ЈКПД “Комуналец“ во соработка со Општина Струмица, а потпомогната од дел од приватниот сектор се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите. Денес акцијата се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.
“Првата недела од оваа акција на чистење на дивите депонии се одвиваше успешно, беа подигнати 1370 м3 отпад и беа расчистени дивите депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча“ изјави Бранко Горѓиев – Раководител на секторот “Комунална Хигиена“.
.ЈПКД “Комуналец“ повторно упатува АПЕЛ до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од нивниот однос кон отпадот.