Продолжува акцијата на чистење на дивите депонии на територија на Општина Струмица

Продолжува акцијата на чистење на дивите депонии на територија на Општина Струмица

2198
0
АКЦИЈА

Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе населени места на територијата на Опшина Струмица. Со вакви конкретни теренски активности ЈКПД “Комуналец“ во соработка со Општина Струмица, а потпомогната од дел од приватниот сектор се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите. Денес акцијата се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.


“Првата недела од оваа акција на чистење на дивите депонии се одвиваше успешно, беа подигнати 1370 м3 отпад и беа расчистени дивите депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча“ изјави Бранко Горѓиев – Раководител на секторот “Комунална Хигиена“.

.ЈПКД “Комуналец“ повторно упатува АПЕЛ до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина  зависи од нивниот однос кон отпадот.