Нега на тревник во зимскиот период

Нега на тревник во зимскиот период

2769
0
АКЦИЈА

За да се одржи тревникот во добра кондиција за време на зимскиот период потребно е да се превземат одредени агротехнички мерки и тоа:

  • Тревата треба да се искоси повисоко во однос на вообичаеното косење во периодот на вегетација . поточно ако тревата се коси на висина од 3 см во вегетацијата ,за припрема на тревникот за зимкиот период потребно тревата да биде искосена на висина од 4 см.
  • Да се обезбеди добра аерација на тревникот. Со гребло ке се загребе горниот слој на земјата и ке се отстранат испаднатите  лисја и остатоците од искосената трева со што ке се овозмози добро проветрување и на тој начин ке се спречи трулење односно анаеробни процеси кои го уништуваат тревникот.
  • За припрена на тревник за зима од големо значење е и соодветно ѓубрење за да тревата да добие на јачина во периодот на ниските температури. Потребно е тревникот да се наѓубри со комбинирано ѓубрив НПК каде постепено ке може да ги црпи хранливите елементи од губривото.Поврзана слика

Растенијата кои потекнуваат од пределите со потопла и по умерена  клима каде амплитудите се помали потребно е да се заштитат за време на зимскиот период за да не дојде до нивно измрзнување.Заштитата се врши со полупрегорено арско губриво кое се става на површината на почвата  над кореновиот систем на растението и со процесот на прегорување на губривото се ослободува топлина со која се грее почвата и на тој начин иа се заштитуваат од ниските температури. Растенија кои мрзнат од надворешниот дел односно од меристемското ткиво тие се заштуваат надворешно со полиетиленска фолија или се сместуваат во некои стаклениц за да можат безбедно да презимат.Најпогодни растенија за надвор во зимскиот период се тие растенија кои се карактеристични за нашето поднебје односно добро вегетираат на нашите климатски услови. За живата ограда да биде украсна вашата градина, морате редовно да ја кастрите. Оние кои имаат некаква форма мора да се кастрат три пати годишно и тоа на почетокот и крајот од пролетта, и на крајот на летото. Во зимата не е потребно кастрење бидејки вегетацијата е во мирување. Оградата која расте слободно се кастри само по цветањето. Но за оградата да остане стабилна  и отпорна на ветрот и снегот мора да внимавате да има конусен облик, односно да бид епоширока во долниотдел. А со ваквиот облик сончевите зраци полесно ќе можат да продираат во растението. Температурата е  биогенеколошки фактор, и за сите растителни видови, подвидови, вариетети и чисти линии постојат критични максимални и  минимални температури при кои ги на цели растенија или одделни органи. Генерално температурните  граници за растенијата се движат од 0 – 50 0 СНо, одредени видови излегуваат од таа граница на пример Bellis perenis, Viola Tricolorи Primula vulgaris презимуваат во смрзната состојба и кога ќе се стопи снегот тие цветаат. Тие се студоотпорни цвекиња и не се уништуваат на ниски температури. Viola tricolor или народно кажано темјанушката е една од најзастапените цвеќиња во нашиот град за време на зимскиот период. Во есента ја засадуваме, цвета додека температурите дозволуваат,  во зимкиот период мирува и рана пролет кога температурите ке пораснат таа почнува со интензивно цветање.

Ленче Гудева – Раководител на сектор “Управување и пдржување на јавно зеленило“