Генерална класификација на цврстиот отпад

Генерална класификација на цврстиот отпад

3522
0
АКЦИЈА

Според големината на негативното влијанието на отпадот врз живoтната средина, цврстиот отпадот се дели на:опасен отпад и неопасен отпад.
Опасен отпад е отпадот кој во својот состав има концентрации на опасни супстанции, може да предизвика опасност на животната средина, здравјето на луѓето и кој што поседува едно или повеќе опасни својства, како што се експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост итн. Во групата на цврст опасен отпад се класифицира медицинскиот и индустрискиот отпад кој содржи токсични материи и дел од отпадот од домаќинството како стари батерии, боја за чевли, амбалажа од лекови.
Неопасен отпад е отпадот кој содржи биоразградливи или не-разградливи материи, но не се токсични, надразливи, радиоактивни, односно во оваа група на отпад спаѓа отпадот кој не гипоседува карактеристиките наопасен отпад.


Отпад од домаќинството е отпадот кој се создава во домовите, рестораните, хотелите. Отпадот може да биде од храна, лим, стакло, хартија, пепел, дрво, гума, кожа, порцелан, мебел, бела техника. Отпадоците од домаќинството не се опасни по здравјето на луѓето, но мора редовно да се собира од местото каде ги исфрлаат жителите, поради труењето и непријатниот мирис кој се шири и на кратки временски интервали треба да се депонира на депонии.

Отпад од јавните површини, е отпадот кој настанува на улиците, тротоарите, пазарот, парковите, дворовите, паркинзите и други површини и тоа како органски стабилни материи (отпадоци од растенија, отпушоци од цигари, кутии од цигари и кибрит) и како органски нестабилни материи (отпадоци од храна и животни), прашина икал. Отпадот од домаќинствата и отпадот од друго потекло кој според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата, на пример, отпад од продавниците, канцелариите, индустријата, медицината, хигиенското одржување на улиците се нарекува комунален отпад.
Индустрискиот отпад настанува во процесот на индустриско производство. Индустриските отпадоци може корисно да се искористат како секундарна суровина во друг технолошки процес доколку задоволува одредени технички потреби и услови за нивна примена.
Според видот на цврстите отпадни материи и нивното потекло тие можат да бидат:

Медицински отпад е отпадот што се создава во медицинските и во здравствените институции (стационари, болници, поликлиники и амбуланти, забни ординации, ветеринарни друштва и слично), а се создава при употребата на средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенцијата на болестите кај луѓето и кај животните. Одредено е дека 75- 90% од медицинскот отпад не е опасен и се депонира како комунален отпад, а само 10-25% од отпадот се смета дека е опасен. Цврстиот медицински отпад се состои од завои и друг инфективен цврст отпад од (3035%), пластика (7-10%), шприцови (0,3-0,5%), стакло (3-5%), и друг отпад кој генерално вклучува храна (40-45%).
Земјоделски цврст отпад е отпад што се создава од одгледувањето на животни и производство или собирање на растенија или дрва. Во оваа група спаѓаат отпадоци кои потекнуваат од полоделството, градинарството, сточарството, шумарството, како и од активностите кои гидополнуваат наведените стопански гранки.
Е-отпад е зеднички термин за целиот тек на електронски отпад, како телевизори, фрижидер, телефон, клима, компјутери, мобилни телефони итн. Компјутерскиот отпад е најзначаен од сите видови на електронски отпад поради гигантските количинии брзината во кои сегенерира.