Исчистен каналот „Крушевска Република“

Исчистен каналот „Крушевска Република“

3821
0
АКЦИЈА

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве отпочнаа со чистење на каналот „Крушевска Реублика“ на потегот од мостот на улицата „Климент Охридски“ до сливот во реката Тркања. Според информациите од Стојан Ефтимов, раководител на единицата „Водовод и канализација“, истовремено се чистат и наносите од материјал долж сливот на каналот „Крушевска Република“ во реката Тркања.


  Со оваа акција опфатени се 1.500 метри од каналот „Крушевска Република“ како и 200 метри долж реката Тркања. Во наредниот период ќе следи и рачно чистење на наносите под мостот на улицата „Климент Охридски“ кои во моментот прават застој на слободното истекување на отпадните води кои се сливаат во каналот. Со преземените мерки за чистење на каналот „Крушевска Република“ до сливот во река Тркања ќе се обезбеди слободно истекување на атмосферските води во реката Тркања и со тоа во голема мера ќе се заштитат граѓаните од овој дел од градот од ризиците за излевање при поголеми и обилни врнежи.