Временски период потребен за распаѓање на цврстите отпадни материи

Временски период потребен за распаѓање на цврстите отпадни материи

1711
0
АКЦИЈА
Waste mountain

Органски отпад како зеленчук, овошје и остатоци од храна
2 недели,Хартија 0-30 дена Памучна облека 2-5 месеци Волна 10-15 години Алуминиум, калај и дуги метални предмети како лименки 100-500 години, Пластични кеси Милион години,Стаклени шишиња, Не се разградуваат
Современ пристап на управување со цврст отпад:


Согласно европското законодавство, современиот пристап кон управувањето со отпадот се потпира на:
а) принцип одржлив развој;
б) принцип: „загадувачот плаќа“-одговорност на создавачот на отпад;
в) принцип близина;
г) принцип претпазливост;
д) принцип одговорност на произведувачот;
ѓ) принцип хиерархија -го претставува редоследот на приоритети на управување со отпад
Принцип на одржлив развој:
Одржливот развој е усогласен систем на техничко- технолошките, економските и друштвените активности во кој врз основа на економичност и разумност се користат природните и создадените вредности, со цел да се зачува и унапреди квалитетот на животната средина за сегашните ииднитегенерации. Одржливо управување со отпадот значи ефикасно користење на ресурсите, намалување на количините за отпад и постапување на таков начин, да тоа допринесува зацелите на одржливиотразвој.
Принцип: “загадувачот плаќа” Создавачот или загадувачот треба целосно да ги сносат трошоците настанати за управувањето со отпадот, вклучувајќи ги и трошоците за собирање, транспортирање, третман, складирање, отстранување, превенција и мониторинг на отпадот, како и трошоците за санационите мерки за штетата која што ја предизвикал отпадот или штетата која била предизвиканасоотпадот.На пример, создавачот наиндустриски цврст отпад воценатана своите производи треба да ги вгради сите трошоци кои ќе се јават во понатамошното постапување со отпадот т.е. да ги вгради трошоците за негово интерно складирање, внатрешен транспорт, третман, преработка.
Во Белгија, срцето на Европската унија, во рамките на имплементацијата на принципот „загадувачот плаќа“, жителите плаќаат во зависност од количината и од типот на отпадот кој го продуцираат. Комуналното претпријатие бесплатно ги собира отпадоците од хартија, картон, стакло, а за отпадокот кој ќе подлежи на процесот на согорување сеплаќа најголема тарифа. Жителите го сортираат отпадокот дома и колку е подобро сортиран толку помалку плаќаат. Контејнерите за отпадоци на жителите бесплатно им се понудени, но секое нивно празнење се плаќа. Домаќинствата однапред плаќаат за 20 празнења на нивните контејнери. Контејнерите имаат интегрален чип, кој го препознава името на сопственикот, адресата, големината на контејнерот и видот на отпадот и со овој чип се регистрира секое празнење на контејнерот. Чипот автоматски се чита од единицата за читање, сместена на задната страна камионот. Податоците (име на корисникот, адреса, вид на отпад и големина на контејнерот) се внесени во чипот и внесени во RAM- дискот на компјутерската табла вокамионот. Доколку нема пари на сметката на контејнерот свети црвено светло и невозможно е дасеиспразни. Резултат од воведувањето на принциот „загадувачот плаќа“е намалување на создавањето на отпад од 300 kg на отпад по жител на помалку.