Во заедничка соработка меѓу јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и фирмата „Пакомак“ од Скопје, одговорна за отпад од пакување,поставени се контејнери наменети исклучиво за отпад од стакло. Од „Комуналец“ информираа дека се поставени вкупно 15 контејнери на 15 локации, односно, пред ресторани и хотели, каде што и најмногу го има отпадот од стакло. Целта на поставувањето на ваквите контејнери е да го намали стаклениот отпад на депонијата.