Успешно се реализира ЕКО акцијата за генерално чистење на градот

Успешно се реализира ЕКО акцијата за генерално чистење на градот

2984
0
АКЦИЈА

На вториот ден од ЕКО акцијата за генерално чистење која што ја реализираат општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ вчера се работеше на повеќе локации во градот. Освен рачно чистење улиците „Невена Стојкова“, „Мирче Ацев“, „Орце Николов“, „Вера Циривири“, „Солунска“, „Загребачка“, „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Партизанска“ и „Тодор Чучков“, се вршеше и машинско чистење на дивите депонии на улицата „Антон Панов“, на излезот од градот кон Валандово и на патот кон селото Баница. Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и директорот на „Комуналец“, Зоран Горгиев, ги посетија локациите на кои што се работеше и го изразија своето задоволство од начинот на кој што се одвива акцијата. Истовремено со чистењето, се вршеше и миење на дел од улиците.


Горгиев упати јавна благодарност до струмичките градежни фирми кои го прифатија повикот за вклучување во акцијата и со својата механизација ги расчистуваа дивите депонии.

Бранко Ѓоргиев, раководител на единицата „Чистота“ најави дека акцијата ќе продолжи во среда во горниот дел од градот.