Eко акцијата денес продолжи во горниот дел од градот

Eко акцијата денес продолжи во горниот дел од градот

1993
0
АКЦИЈА

ЕКО акцијата за генерално чистење која што ја реализираат општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Струмица денес продолжи во горниот дел на градот, во близина на ООУ “Маршал Тито„.


Во текот на минатите денови на акцијата се собрани вкупно 642 m³ отпад, и тоа на улицата “Антон Панов“ се собраа вкупно 414 m³, На потегот од улицита „Наум охридски“ кон излезот на Струмица се собрани 108 m³,на патот кон населено место Баница 104 m³ и населба Чифлик 16 m³ отпад.

Акцијата ке продолжи до 24-ти декември 2017 година.