Недела 26-ти мај на браната Водоча се организираше традиционалниот риболовен турнир во кој учествуваа вработени од повеќе сектори во ЈПКД Комуналец. Првото место, односно шампион на Купот е Русе Филиповски. Зад него на второто место се пласира Душко Стојанов, а третото место го освои Мирчо Танушев.